Директорот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге најави можност незадоволните играчи да го напуштат клубот на крајот на сезоната.
Марио Геце неодамна рече дека не е среќен во Баерн поради малата минутажа, а со сличен став излезе и Томас Милер кој изрази незадоволство поради тоа што полуфиналниот дуел со Реал Мадрид го почна од клупата за резервни играчи.
– Ако играчот не е задоволен треба да дојде кај мене во канцеларија и да поразговараме за тоа. Отворен сум за секого и подготвен да ги разгледаме сите опции, изјави Румениге за германските медиуми.
Освен Геце и Милер, во медиумите се шпекулира со заминување од германскиот шампион и на Тони Крос и Хави Мартинез. За ангажнман на овие двајца заинтересиран е Манчестер Јунајтед.
Баерн Минхен за следната сезона веќе ги договори транферите на Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд и на Себастијан Роде од Ајнтрахт Франкфурт.