Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Михаел Румениге призна дека не очекувал дека Ханси Флик во принцип ќе има вакви добри резултати во клубот.
Стратегот стана бр.1 во историјата на клубот во однос на бројот на победи (24) по неговите први 27 натпревари на чело на Баерн и еден куп стручњаци предвидуваат дека Минхен е на пат да освои „требл“.
– Морам искрено да признаам дека не очекував дека мојот стар пријател Ханси Флик воопшто ќе ги запише овие успеси на чело на Баерн. Се уште се сеќавам на 1985 година, кога дојде од Сандхаузен во Баерн. Тој беше кроток, повлечен, секогаш лојален и многу љубезен. Едноставно добро момче. Сепак, тој никогаш не беше меѓу водачите на тимот. И затоа јас сум уште импресиониран што е толку успешен како тренер. Тој се разви неверојатно. Ќе одам подалеку и ќе речам дека Ханси може да го одведе Баерн до „тројна круна“ оваа сезона, изјави братот на Карл-Хајнц Румениге за „Спортбазер“.
Михаел кој играше за Баварците од 1981 до 1988 година.