РТС: Вардар испиша историја, истрајноста на овие момчиња треба да е пример за сите

Од:

Јавниот телевизиски сервис на Србија, РТС, објави дека на ракометниот престол седи Вардар, екипата во која играчите со месеци наназад не примаат плата.

-Откако рускиот милионер Сергеј Самсоненко во април најави повлекување од ракоментниот клуб Вардар поради финансиски проблеми, јавноста на македонсата екипа и предвиде пропаст.

Голем дел од екипата потпишаа договори со други клубови така што од следната сезона тоа нема да биде истиот Вардар.

Меѓутоа, непријатната ситуација ја инспиририраше екипата од страсните Балканци и Руси од играчккиот кадар и темпераментниот Шпанец на чело на екипата да му покажат на светот дека се прерано “отпишани”. Не дозовлија тешкотиите што ги имаат да се одразат на теренот.

Вардар оваа сезона го освои домашниот шампионат, регионалната СЕХА лига и за крај титулата на стариот континент.
Инаетот и цврстиот карактер кои ја красеа екипата во текот на целата сезона дојдоа до точка на вриење во полуфиналето со Барселона. Со самиот пласман во финалето направија доволно, но не застанаа тука.

Унгарскиот шампион Веспрем четврти пат се пласираше во финалето и многумина сметаа дека е крајно време да го освојат Келн и Ланксес арената, објави РТС.

-Вардар им ги замрси конците и го испиша последното поглавје од својата бајка.

Една убава прикана за триумфот на спортот над парите доби епилог. Истрајноста на овие момчиња треба да биде пример за сите, не само на спортистите. Не се откажувај кога е најтешко. Поради тоа ги оставија најбогатите екипи зад себе. Тие испишаа историја, а другите нека се обидат да ги надминат, напиша РТС

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски