Розберг најбрз во Силверстоун

Од:

Нико Розберг е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија возена на патеката „Силверстоун“.

За возачот на „Мерцедес“ ова беше трета победа во Ф1 во неговата кариера.

На подиумот освен Розберг се искачија и второпласираниот Марк Вебер од „Ред Бул“ и освојувачот на третото место Фернандо Алонсо (Мерцедес).

Бодови во Силверстоун уште освоија и: Хамилтон, Раиконен, Маса, Сутил, Рикардо, Ди Реста и Хулкенберг.

Светскиот шампион и лидер во генералниот пласман Себастијан Фетел поради проблеми со менувачот не ја заврши трката.

И покрај тоа што Фетел попладнево остана без бодови тој и понатаму води во генералниот пласман со 132 бодови, пред Алонсо со 111 и Раиконен со 98 бода.

Кај конструкторите води „Ред Бул“ со 219 бода, пред „Мерцедес“ со 171 и „Ферари“ со 168 бода.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин