Градско дерби меѓу Рома и Лацио ќе се игра на завршниот натпревар од фудбалскиот Куп на Италија, откако синоќа Рома во полуфиналето го елиминира Интер.
На „Џузепе Меаца“ во Миално, Рома по вторпат го победи Интер, овој пат со 3:2 и со вкупни 5:3 обезбеди учество на завршниот дуел од „Копа Италија“.
Интер со голот на Џонатан во 22.минута поведе со 1:0 и имаше резултат за финале, меѓутоа гостите со серија од три постигнати погодоци во периодот од 55 до 74 минута го решија победникот. Стрелци за Рома беа Матиа Дестро (два) и Василис Торосидис. Интер до крајот успеа само да намали на 3:2 преку Рики Алварез во 80.минута.
Финалето Рома – Лацио ќе се одигра на 26 мај на „Олимпико“ во Рим и тоа ќе биде прво финале во историјата на купот каде ќе играат градските ривали.