Рома последен полуфиналист во Копа Италија

Од:

Рома е тимот кој последен избори учество во Италијанскиот фудбалски куп. „Римската волчица“ синоќа во Фиренца беше поуспешна од домашната Фиорентина и победи со 1:0 со голот на Матео Дестро постигнат во 7.минута од првото продолжение.

Натпреварот го одбележаа 10.те жолти и 3 црвени картони.

Ова беше трето четвртфинале решено по продолженија. Претходно дополнителни 30 минути се играа и на средбите Јувентус – Милан и Интер – Болоња.

За разлика од тие средби каде победија домаќините, синоќа се радуваа гостинските фудбалери.

Двојките за полуфиналето од Копа Италија се Рома – Интер и Лацио – Јувентус. Термините за одигрување на овие натпревари се 22 и 23 јануари, а реваншите се седум дена подоцна.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска