Екипата на Рома е последниот тим кој обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, откако синоќа во Рим, ја совлада Чезена со 2:1.
Рома поведе со голот на Един Џеко во 68.минута, пет минути подоцна (73) гостите израмнија преку Лука Гаритано. И кога сите очекуваа крај на мечот и продолженија, во петтата минута од судиското дополнение на регуларниот дел (90+5) ветеранот Франческо Тоти од пенал ги постави конечните 2:1.
За место во финалето, Рома ќе се бори против градскиот ривал Лацио, додека во второто полуфинале ќе играат бранителот на трофејот Јувентус и Наполи.
Првите натпревари на програмата се на 1 март, додека реванш дуелите ќе се играат на 5 април.