Екипата на Рома е последната екипа што обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.
Во последнот натпревар од осминафиналето на „Копа Италија“ фудбалерите на Рома, синоќа, пред својата публика на „Олимпико“, во Рим, славеа убедлива победа со 4:0 во дуелот против Сампдорија.
Рома за противник во четвртиналето ќе ја има екипата на Чезена.
Останатите три четвртфинални парови ги сочинуваат, Неапол – Фиорентина, Интер – Лацио и Јувентус – Милан дуел кој практично е реприза на минатогодишното финале.