Рома победи, на потег е Јувентус

Од:

Екипата на Рома одигра убедливо на вечерашното отворање на 7. коло од Италијанското фудбалско првенство.

По само четири минути Матиа Дестро ја доведе Рома во водство, а по нешто повеќе од половина час веќе беше решен победникот. Адем Љаиќ и Франческо Тоти ги постигна вториот и третиот гол за конечни 3:0 и победа против Киево.

Со оваа победа Рома се изедначи по бројот на бодови со лидерот и шампион Јувентус.

totii
Токму Јувентус во вториот вечерашен дуел, од 20 часот и 45 минути гостува кај Сасуоло во обид да ја врати предноста од три бода што ја имаше во однос на „Римската волчица“ пред ова коло.

Двојките за утре се: Фиорентина – Лацио, Аталанта – Парма, Каљари – Сампдорија, Верона – Милан, Палермо – Чезена, Торино – Удинезе и Интер – Наполи.

Последниот меч од овој круг се игра в понеделник а во него учествуваат Џенова и Емполи.

Табела: Јувентус 18 бодови, Рома 18, Сампдорија 14, Удинезе 13, Милан 11, Верона 11,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска