Рома на лето најверојатно ќе го ангажира Диего Коста

Од:

Диего Коста во летниот преоден рок би можел да замине од Атлетико Мадрид и да стане член на Рома.

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ објави за силниот интерес на Римјаните за напаѓачот на „Црвената фурија“.

Неговиот договор со „Јорганџиите“ е до 2021 година, но не е заинтересиран да го продолжи поради незадоволство од минутажата што ја добива кај Диего Симеоне. Во досегашниот тек на сезоната постигна само два гола и одлучен е во намерата да промени средина, откако сфати дека е не е прва опција за нападот.

Рома, пак, подолго време посакува да ангажира напаѓач за поддршка на Един Џеко, а ако успее во намерата, сигурно дека ќе го има еден од најдобрите напаѓачки тандеми во Серија А во наредната сезона.

Би можело да ве интересира

Клаудио Раниери е новиот тренер на Рома

Фудбалерите на Рома го победија Динамо Киев во третото коло од Лигата на Европа

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Рома на лето ќе се обиде да го убеди Клоп да го води тимот

Рома го доби посакуваниот потпис – Белоти доби едногодишен договор

Шок за Рома се повреди Вајналдум