Рома конечно победи на „Олимпико“

Од:

Фудбалерите на Рома попладнево го совладаа Наполи со 1:0 и го прекинаа четиримесечниот пост без победа на свој терен.

Миралем Пјаниќ со погодокот во 25.минута беше креатор на вредната победа со која Рома се зацврсти на втората позација, а во исто време го откажа еден од конкурентите за место кое обезбедува учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Поради католичкиот Велигден, денеска се играат сите натпревари од 29.рунда во Серија А. Двојките се:

од 15 часот: Верона – Чезена, Сасуоло – Киево, Каљари – Лацио, Палермо – Милан, Интер – Парма, Аталанта – Торино и Џенова – Удинезе;

од 18:30 часот: Фиорентина – Сампдорија;

од 21 часот: Јувентус – Емполи.

Табела: Јувентус 67 бодови, Рома 56, Лацио 52, Сампдорија 48, Наполи 47, Фиорентина 46,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска