Членот на Италијанското фудбалско првенство, тимот на Рома има амбиции на „Олимпико“ во Рим да го доведе поранешниот тренер на Барселона, Јосеп Гвардиола, јавуваат медиумите на Апенинскиот полуостров.
Се шпекулира дека генералниот директор на „римската волчица“ Франко Балдини веќе има одржано средба со шпанскиот стручњак и му ги соопштил желбите на неговиот клуб.
По 19 одиграни кола во Серија А, Рома под водство на тренерот Зденек Земан е на шестото место со 32 бода и ефект од 10 победи, две нерешени и седум загубени средби.
Гвардиола најави враќање на фудбалските терени на почетокот на сезоната 2013/14.
За услугите на Пеп заинтересирани се и Милан, Челзи и Манчестер Сити.