Рома го декласираше Минал со 4:1

Од:

Екипата на Рома го декласира Милан во дерби натпреварот од 35. коло на италијанската Серија А.

На средбата одиграна синоќа во Милано со која беше комплетирана оваа рунда на италијанскиот шампионат, гостите од Рим забележаа победа со 4:1.

Првите два гола за „римската волчица“ ги постигна Един Џеко (8. и 28. минута). Во завршните дванаесетона минути на мечот беа постигнати уште три гола. Прво, Марио Пашалиќ (76) намали на 1:2, за две минути подоцна (78) Стефан Ел Шарави одново да и донесе предност на Рома од два гола. Конечните Милан – Рома 1:4 го постави Даниеле Де Роси (87) од пенал.

Комплетни резултати од 35. коло во Серија А:

Удинезе – Аталанта 1:1,
Емполи – Болоња 3:1,
Пескара – Кротоне 0:1,
Сасуоло – Фиорентина 2:2,
Џенова – Интер 1:0,
Киево – Палермо 1:1,
Лацио – Сампдорија 7:3,
Наполи – Каљари 3:1,
Јувентус – Торино 1:1 и
Милан – Рома 1:4.

Табела: Јувентус 85 бода, Рома 78, Наполи 77, Лацио 70, Аталанта 65, Милан 59, Интер 56, Фиорентина 56

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска