Германскиот фудбалски репрезентативец Марко Ројс од следната сезона би можел да тргне по стапките на својот сонародник Тони Крос, кој во летниот преоден рок ја напушти Бундес лигата и се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид.
Шпанските медиуми пренесуваат информација за наводно постигната согласност од страна на Борусија Дортмунд да го продаде Ројс на Реал Мадрид за сума од 26 милиони евра.
25-годишниот Ројс јавно кажа дека сака да ја напушти Борусија Дортмунд поради тоа што клубот не сака да донесе звучни засилувања кои ќе придонесат бундеслигашот да стане конкурентен на екипите кои се борат за трофејот во Бундес лигата и во Лигата на шампионите.
За услугите на Ројс заинтересирани се и премиерлигашите Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.