Ројс пак се повреди

Од:

Еден од најдобрите фудбалери на Борусија Дортмунд, Марко Ројс повторно се повреди. Тој во 23.минута на вечерашниот натпревар против третолигашот Динамо Дрезден во рамките на Купот на Германија по еден дуел со противнички играч падна на теренот, а лекарскиот тим не можеше да го оспособи за да продолжи, по што мораше да биде заменет.

Борусија Дортмунд преку социјалните мрежи ја потврди повредата на Ројс, но не соопшти колку ќе биде надвор од теренот.

Ројс многу често беше надвор од тимот поради повреди, а токму кога влезе во ритам и почна да постигнува голови, повторно мора да паузира.

Не се знае дали напаѓачот на „милионерите“ ќе биде оспособен  за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, каде Борусија Дортмунд ќе се обиде да ја анулира негативата од 1:2 против Јувентус.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска