Фудбалерот на Борусија Дортмунд Марко Ројс и следните две сезони ќе игра за „милионерите“ и покрај големата заинтересираност за неговите услуги на повеќе европски екипи.
– Можам да кажам дека сигурно останувам во Борусија и следните сезони. Тука се чувствувам одлично. Отсекогаш сум сакал да играм за овој клуб и на овој стадион. Моите почетоци беа во младите категории, а по 10 години отидов во Ален и во Менхенгладбах, па пак се вратив овде. Сега имам договор со Борусија до 2017 година, изјави Ројс.
За разлика од Ројс, Борусија ја напуштија Роберт Левандовски и претходно Марио Геце.