Фудбалерот на Борусија Дортмунд Марко Ројс замина од подготовките на националниот тим на Германија поради повреда на прст на ногата, објави денеска актуелниот светски шампион.
Се повреди на тренинг и ќе ги пропушти натпреварите против Полска и Шкотска во квалификациите за Европското првенство во 2016 година.
26-годишниот играч последен пат играше за репрезентацијата на Германија во септември минатата година, откако претходно поради повреда го пропушти Светското првенство во Бразил.
За германскиот национален тим Ројс одиграл 25 натпревари и постигна девет голови.
Оваа сезона ја почна одлично со шест погодоци на шест натпревари за својот клуб Борусија Дортмунд.