Роџерс: Жал ми е за Ловрен

Од:

Екипата на Ливерпул по изведувањето на пенали беше елиминирана од Бешикташ во шеснаесетина финалето од Лигата Европа.

Синоќа во Истанбул Бешикташ победи со 1:0 по продолжението, а бидејќи и на првиот дуел беше истиот резултат за Ливерпул, се изведуваа пенали. Трагичар на дуелот беше Дејан Ловрен, кој во последната серија шутираше над голот и Бешикташ оствари победа од 5:4 на пенали.

– Разочарани сме од начинот на кој сме елиминирани, особено што во првото полувреме имавме и неколку шанси. Жал ми е за Ловрен бидејќи одигра добар натпревар, но некој мора и да промаши. Тоа бевме ние. Ловрен сакаше да шутира и кај сите пет изведувачи имаше самодоверба и штета што вака заврши. Се браневме добро, а казнети бевме по единствената грешка што ја направивме, изјави менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс.

Ливерпул во недела го игра дербито на колото во Премиер лигата бидејќи го пречекува првакот Манчестер Сити. Ова е всушност и дуел на двата првопласирани тима од ланската сезона во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска