Роџерс: Стариџ е во моментов најдобар англиски напаѓач

Од:

Менаџер на Ливерпул Брендан Роџерс денеска изјави дека Даниел Стариџ моментално е најдобриот англиски напаѓач, подобар дури и од Хари Кејн, кој оваа сезона во Тотенхем игра во неверојатна форма.

Кејн со два постигнати гола беше творец на победата на Тотенхем над Арсенал (2:1). Тој ја достигна бројката од 22 погодока во сите натпреварувања.

 -За мене не постои подобар офанзивец од Стариџ. Тој има сè, голгетерски учинок, брзина, моќ, не постои подобар од него во Англија. Јас сум убеден дека Даниел на Кејн гледа како на нов млад напаѓач кој навистина ќе му помогне кога тие ќе играат заедно во репрезентацијата, рече Роџерс.

Стариџ сезонава настапи само на четири натпревари за тимот од Енфилд и пропушти поголем дел од средбите поради повреда на задниот бутен мускул.

Се очекува вечерва (почеток 21 часот) да биде во стартниот состав на дуелот Ливерпул – Тотенхем што се игра во рамките на 25.коло од Премиер Лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска