Димитри Риболовев, газдата на Монако бара 90 милиони евра за колумбискиот напаѓач Хемез (Џејмс) Родригез да може да го напушти францускиот клуб.
Иако пред два дена рускиот тајкун изјави дека колумбискиот напаѓачки тандем Родригез и Фалкао не се на продажба, сепак Риболовев денеска ја одреди сумата за најдобриот стрелец на Мундијалот.
Тој реши да го ослободи од обврските Родригез и тоа на онаа екипа која ќе плати 90 милиони евра.
Како главни кандидати се споменуваат англискиот Манчестер Јунјтед и шпанскиот Реал Мадрид, а своја шанса од позадина ќе бараат Барселона и ПСЖ.
Риболовев го донесе Родригез во Монако за сума од 45 милиони евра од редовите на Порто, двојно помала од онаа која сега ја бара рускиот мултимилионер.