Робињо не жали што остана во Милан

Од:

Бразилскиот интернационалец Робињо и покрај неколкуте понуди да го напушти клубот во летниот преоден рок, не го стори тоа и како што изјави не се кае за таквата негова постапка.

– Среќен сум што останав во голем клуб каков што е Милан и му благодарам на раководството што изрази желба да ме задржи. Очекувам дека за „росо-нерите“ ќе играм уште многу години. Верувам дека ќе ја подобриме нашата игра. На прав пат сме да го сториме тоа. Се надевам дека ова ќе биде година на Милан, изјави Робињо.

Милан в недела го игра дербито од Серија А против Јувентус на гостински терен.

По шест кола „миланезите“ се на 9.место со 8 бодови, додека Јувентус е трет со 16 бодови.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска