Фудбалерот на Баерн Минхен Арјен Робен е прогласен за најдобар играч во Германското фудбалско првенство за месец септември.
Холанѓанецот минатиот месец одигра само два натпревара во Бундес лигата, не постигна гол ниту асистенција, но беше избран за најдобар.
Сезонава во четирите првенствени настапи трипати се запиша во листата на стрелците, а имаше и две асистенции.