Робен: Дортмунд е голем противник, Бундеслигата веќе не е здодевна

Од:

Крилото на Баерн Минхен, Холанѓанецот Ариен Робен изрази мислење дека лидерот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд воопшто не е за потценување.

„Жолто-црните“ имаат 17 поени на табелата, четири повеќе од Баварците, кои се на шесто место.

– Борусија Дортмунд е многу голем противник. Кај другите треба да почекаме за да видиме уште колку долго време ќе издржат со ова темпо. За мене пласманот е супер, нели сите го сакаа токму тоа? До неодамна се тврдеше дека во Бундеслигата е здодевно поради Баерн. Ако сега бевме на врвот на табелата со предност од пет бода, сигурно пак ќе се зборуваше дека е многу здодевно. Ние треба да останеме мирни и да видиме што треба да подобриме, изјави Робен.

Тој е убеден дека Баерн има потреба од само една победа и работите на теренот ќе се сменат.

– Треба да ги ослободиме умовите и да се забавуваме, додаде Робен.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Баерн казнет со 200.000 евра поради непочитување на прописите за минимална плата

Горан Наумовски

Садио Мане удри соиграч по поразот од Манчестер Сити

Баерн е на врвот, но „милионерите“ се само три чекори назад

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство