Робен: Баерн не е копија на Барселона

Од:

Фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен денеска изјави дека неговата екипа предводена од тренерот Пеп Гвардиола не претставува најнова верзија на Барселона.

Холанѓанецот дополни дека германскиот шампион не сака да копира никого и дека тимот си има свој начин на игра.

– Баерн не е нова верзија на Барселона. Нормално е да се прават споредби, но ние сме си фокусирани на сопствените квалитети и можности. Ние сме Баерн, си имаме свои фудбалери, ги немаме Меси и Чави, но имаме други големи играчи, истакна Робен.

Споредбите на Баерн со Барселона почнаа да се прават во светската спортска јавност по последните изданија на германскиот шампион кога се поочигледен е стилот на игра кој тренерот Гвардиола го негуваше додека ги предводеше Каталонците со кои освои 14 титули во разни натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска