РК Вардар организатор на Меѓународен турнир за помлади категории

Од:

Ракометниот клуб Вардар од утре до 18 јануари ќе го организира меѓународниот турнир „Вардар – еден живот една љубов“ наменет за помладите категории ракометари, во машка и женска конкуренција.

Турнирот ќе се одржи на три локации, во четири сали: во двете сали во СЦ „Јане Сандански“, во СРЦ „Кале“ и во ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.

Церемонијата на отворањето ќе биде на 15 јануари во големата сала на СЦ „Јане Сандански“.

Досега се пријавени 75 екипи кои ќе се натпреваруваат во 6 категории, и тоа:
96/97-јуниори,
98/99-кадети,
00/01-пионери,
02/03-млади пионери,
04/07-почетници,
04/07-почетници (мини ракомет). 

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП