Ривер Плејт ги замолува навивачите да не ги враќаат билетите за дуелот со Бока Јуниорс

Од:

Раководството на Ривер Плејт упати апел до навивачите да ги задржат билети за реваншот од финалето на Купот Либертадорес против Бока Јуниорс. Клубот е убеден дека средбата ќе се одржи во присуство на гледачи.

– Бараме од навивачите да ги задржат влезниците што ќе важат за влез на стадионот „Монументал“ на денот кога КОНМЕБОЛ ќе назначи да бидеме домаќин на натпреварот, стои во апелот на Ривер.

Во Ривер Плејт не се сомневаат дека средбата ќе се игра на нивниот стадион во присуство на гледачи.

Да потсетиме дека натпреварот беше два пати одложен поради немирите надвор од стадионот кога беше нападнат автобусот со гостинските фудбалери.

Првиот натпревар од финалето заврши со нерешен резултат 2:2.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска