Ристовски: Ако сакаме Македонија да игра на Европско, секој меч е најважен за нас

Од:

Бекот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски пред денешниот меч со Австрија во квалификациите за ЕП 2020 вели дека тимот е фокусиран да го заврши циклусот на најдобар можен начин, и да одиграат како и досега.

Тој смета и дека тимот не можеме да биде така слаб како на првиот меч против Австрија.

– Ривалот има силен состав, но ние сме фокусирани да одиграме на вистинското ниво и овие квалификации да ги заокружиме на добар начин, како и што ги игравме досега. Ако сакаме Македонија да игра на Европско првенство, секој меч е најважен за нас. Секако дека имаме желба и мотиви да одиграме најдобро што можеме во моментот. Имаме проблеми, но верувам дека сите што ќе истрчаат ќе бидат на потребното ниво, со срце. И исто така мислам дека не можеме да бидеме така слаби како на првиот меч против Австрија“, рече Стефан Ристовски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска