Рикардо ги задржа Фетел и Хамилтон и победи во Монако

Од:

Даниел Рикардо со Ред Бул го освои Гран При на Монако во Формула 1. Австралиецот се избори со техничкиот проблем и загубата на моќноста повеќе од половина трка, но, успеа да ги остави зад себе Себастијан Фетел (Ферари) и шампионот Луис Хамилтон (Мерцедес).

Австралиецот забележа втората победа сезонава и вкупно 7-ма во кариерата. Овој пат успеа да стигне до триумф за разлика од 2016-та година, кога исто така беше блиску до триумф, но, тогаш грешка во боксот го остави втор.

Во топ 5 се пласираа Кими Раиконен (Ферари) и Валтери Ботас (Мерцедес), а поени зедоа уште Естебан Окон, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг, Макс Верстапен и Карлос Сајнц.

На табелата Хамилтон загуби малку од предноста, откако сега има 110 поени, додека Фетел е со 96.

Рикардо пак излезе трети со 72, Ботас има 68, а Раиконен 60.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин