Рибери се извини, но тоа нема да го спаси од суспензија

Од:

Францускиот фудбалер Франк Рибери најверојатно ќе биде дисквалификуван на неколку натпревари, бидејќи синоќа по натпреварот од Серија А меѓу Фиорентина и Лацио, доби црвен картон откако турна еден од помошните судии.

Рибери беше нервозен, па дури денеска сфати каква суспензија го чека, по што јавно се извини, со надеж дека казната ќе биде малку поблага. Се зборува дека Рибери за агресивното однесување може да добие забрана за настап на најмалку четири натпревари.

– Сакам да се извинам за тоа што се случи. Им се извинувам на навивачите, соиграчите и тренерите. Му се извинувам и на судијата Пасери. По завршувањето на натпреварот, потегот го направив во афект. Бев многу нервозен, жалам, однесувањето ми беше неприфатливо, напиша Рибери на „Твитер“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска