Рибери го пролонгира враќањето на теренот

Од:

Францускиот репрезентативец Франк Рибери го пролонгира своето враќање на фудбалскиот терен за петнаесетина дена.

Рибери кој поради повреда на коленото не настапува од крајот на месец мај, своето враќање го најави за 13 септември.

Иако се очекуваше Французинот својот „кам-бек„ да го има претстојната сабота (30 август) во дуелот од Бундес лигата меѓу Баерн Минхен и  Шалке, сепак тоа нема да се случи.

– Натпреварот со Шалке ми дојде прерано, сепак, се надевам дека ќе бидам максимално подготвен за дуелот со Штутгарт, изјави Рибери за германскиот весник „Билд“.

Тој откри дека се уште чувствува болки во коленото, но дека ситуацијата е далеку подобра во однос на претходните десетина дена.

Повредата беше и причината поради која Рибери го пропушти Мундијалот во Бразил, а неодамна најави и повлекување од репрезентативниот дрес на Франција.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска