Францускиот репрезентативец Франк Рибери го пролонгира своето враќање на фудбалскиот терен за петнаесетина дена.
Рибери кој поради повреда на коленото не настапува од крајот на месец мај, своето враќање го најави за 13 септември.
Иако се очекуваше Французинот својот „кам-бек„ да го има претстојната сабота (30 август) во дуелот од Бундес лигата меѓу Баерн Минхен и Шалке, сепак тоа нема да се случи.
– Натпреварот со Шалке ми дојде прерано, сепак, се надевам дека ќе бидам максимално подготвен за дуелот со Штутгарт, изјави Рибери за германскиот весник „Билд“.
Тој откри дека се уште чувствува болки во коленото, но дека ситуацијата е далеку подобра во однос на претходните десетина дена.
Повредата беше и причината поради која Рибери го пропушти Мундијалот во Бразил, а неодамна најави и повлекување од репрезентативниот дрес на Франција.