Франк Рибери денеска го продолжи договорот со Баерн Минхен до летото 2017 година.
„Овде се чувствувам многу среќен. Многупати сум рекол овде се чувствувам како дома. Мојата фамилија и јас уживаме во Минхен и се надевам дека ќе останам тука до крајот на овој договор”, изјави Рибери.
Репрезентативецот на Франција во Баерн пристигна од Марсеј 2007 година. За заварскиот тим има настапено на 237 натпревар и постигнато 80 голови.
Минатата сезона со Баерн ја освои Лигата на Шампионите.