По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Светското Првенство во Франција 2017.
На Мундијалот што се играше во јануари 2017, Македонија успешно ја мина групната фаза со победите над Тунис, Ангола и нерешениот исход со Исланд, со што се пласираше во осминафиналната елиминациска фаза. Во осминафиналето, Македонија беше поразена од финалистот на Светското Првенство, репрезентацијата на Норвешка.
Ова беше петто учество на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија претходно настапуваше на Мундијалите во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013) и Катар (2015).