РФМ ја исплати премијата на репрезентацијата за пласман на ЕП во Хрватска

Од:

По претходно донесена одлука на Управниот одбор, денескаРакометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Европското Првенство во Хрватска 2018.

Македонија го освои првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Чешка, Исланд и Украина, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.

Ова ќе биде петто учество на македонските машки сениори на европските првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016) и вкупно десетто учество заедно со Светските Првенства.

На ЕП во Хрватска што ќе се игра во јануари 2018 година, Македонската машка сениорска репрезентација ќе се натпреварува во групата Ц, соГерманија, Црна Гора и Словенија.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Ракометната федерација на Македонија доби специјален дрес од „СОС Детско село“

Македонската и српската ракометна федерација договараат соработка во младинските категории и стручниот кадар

Ана Ололовска

Одложено ракометното коло поради смртта на Даниловски

Ана Ололовска

РФМ ги исклучи Начевски и Хајредин

РФМ ги определи наградите за машката и женската сениорска репрезентација

Ана Ололовска