Вчера се одиграа првите натпревари од осминафиналето на Лига Европа.
По терените на Стариот континент беше доста интересно и бевме сведоци на многу голови. Некои од фаворитите речиси си го загарантираа својот пласман понатаму, но имаше и изненадувања.
Рен го доби дуелот на домашен терен против Арсенал со 3:1 и прилично ја искомплицира ситуацијата за „топџиите“ пред реваншот.
Славија Прага ја направи другата сензација, откако одигра нерешено 2:2 при посетата на Севиља.
Во меѓувреме, сепак, Наполи и Челзи дефинитивно беа категорични во своите натпревари и забележаа победи со 3:0. Италијанците се справија со Салцбург, а тимот од Лондон го казнија Динамо.
Двете екипи имаат одлични шанси да продолжат понатаму.
Лига Европа, осминафинале, први натпревари:
Од 18:55 часот:
Ајнтрахт (Франкфурт) – Интер 0:0
Динамо (Загреб) – Бенфика 1:0
1:0 Петковиќ (37)
Севиља – Славија 2:2
1:0 Бен Једер (1)
1:1 Стох (25)
2:1 Мунир (28)
2:2 Крал (3)
Рен – Арсенал 3:1
0:1 Ивоби (4)
1:1 Буриго (42)
2:1 Монреал (65) а.г.
3:1 Сар (88)
Зенит – Виљареал 2:2
0:1 Ибора (33)
1:1 Азмун (35)
1:2 Морено (64)
2:2 Моралес (71)
Oд 21:00 часот:
Челзи – Динамо (Киев) 3:0
1:0 Педро (17)
2:0 Вилиан (65)
3:0 Хадсон-Одој (90)
Наполи – РБ Салцбург 3:0
1:0 Милик (10)
2:0 Руиз (18)
3:0 Онгуене (58) а.г.
Валенсија – Краснодар 2:1
1:0 Родриго (12)
2:0 Родриго (24)
2:1 Клаесон (63).