Едисон Кавани на синоќешниот дуел против Торино во игра влезе во 65. минута како замена за Инсиње и постигна два гола, обезбедувајќи нова победа за неговиот тим и задржување на втората позиција на табелата. Најдобриот играч на Наполи и најдобар стрелец во Серија А погоди во 84 и 90. минута за конечна победа на Наполи со 5:3.
Претходно за гостите трипати стрелаше Блерим Џемаили (10, 47 и 80.минута), додека головите за домашниот тим ги постигнаа Барето (30), Џонатас од пенал (75) и Рикардо Меџиорини (78).
Со овој дуел беше комплетирано 30. коло во Серија А.
Постигнати резултати на другите девет натпревари: Удинезе – Болоња 0:0, Парма – Пескара 3:0, Палермо – Рома 2:0, Лацио – Катанија 2:1, Џенова – Сиена 2:2, Каљари – Фиорентина 2:1 и Аталанта – Сампдорија 0:0, Киево – Милан 0:1 и Интер – Јувентус 1:2.
Табела: Јувентус 68 бодови, Наполи 59, Милан 57, Фиорентина 51, Лацио 50, Интер 47, Рома 47,…