Со одигрувањето на вечерашните реванш дуели од полуфиналето од Лига Европа ќе бидат познати екипите кои ќе играат во финалето на 24 мај во Стокхолм. По првите дуели предност имаат Манчестер Јунајтед и Ајакс.
Манчестер Јунајтед како гостин ја совлада Селта со 1:0 и се очекува пред своите навивачи да го обезбеди своето прво учество во финалето на ова натпреварување.
Во второто полуфинале Ајакс обезбеди солидна предност откако со 4:1 на домашен терен го победи Олимпик Лион, па сега француската екипа доколку сака пласман во финалето ќе мора да постигне висока победа.