Реванш полуфиналните дуели од Лига Европа се играат вечерва, а бранителот на трофејот Севиља се наоѓа пред ново финале. Шпанската екипа по првиот дуел обезбеди висока предност откако славеше со 3:0, па така Фиорентина во реваншот на домашен терен има тешка задача да ја надополни негативата за пласман во финалето.
На вториот дуел меѓу Днипро и Наполи се очекува поголема борба откако првиот дуел пред седум дена во Неапол заврши без победник 1:1.
Почетокот на двата дуела е во 21:05 часот.
Финалето се игра на 27. мај во Варшава.