Во фудбалската Лига Европа вечерва ќе се одиграат реванш натпреварите од осминафиналната фаза.
Бранителот на пехарот Севиља има убава предност во реваншот со Виљареал. Покрај овој дуел на шпанските екипи, ќе се одигра дуел и на две италијански екипи меѓу Рома и Фиорентина.
Двојки и резултати од првите средби:
Динамо Москва – Наполи (1:3 прв натпревар),
Рома – Фиорентина (1:1),
Динамо Киев – Евертон (1:2),
Ајакс – Днипро (0:1),
Торино – Зенит (0:2),
Интер – Волфсбург (1:3),
Севиља – Виљареал (3:1),
Бешикташ – Бриж (1:2).