Во второто по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување, Лига Европа, вечерва на програмата се реванш натпреварите од осминафиналето.
Најблиску до пласман во четвртфиналето е Борусија Дортмунд, екипа која на гостувањето во Лондон кај Тотенхем ќе започне со голема предност од 3:0 остварена на првиот меч. Предност од два гола на гостински ќе бранат и Ливерпул кај Манчестер Јунајтед, односно Виљареал во Леверкузен против Баер.
Двојки за реванш осминафиналните дуели во Лига Европа:
Од 19 часот:
Баер Леверкузен – Виљареал (0:2 прв натпревар),
Лацио – Спарта Прага (1:1),
Валенсија – Атлетик Билбао (0:1),
Од 21 часот и 5 минути:
Манчестер Јунајтед – Ливерпул (0:2),
Андерлехт – Шахтјор Доњецк (1:3),
Спортинг Брага – Фенербахче (0:1),
Севиља – Базел (0:0),
Тотенхем – Борусија Дортмунд (0:3).
Трофејот го брани екипата на Севиља.