Рено В6 турбо мотор за Формула 1

Од:

Францускиот производител на автмобили „Рено“ објави први фотографии од новиот В6 турбо мотор, за кој се верува дека ќе помогне за враќање на навивачите и симпатизерите на Формула 1.

Новиот 1,6 литарски турбо мотор е под зајакнати тестирања во центарот Виру-Чатилион на Рено, но свој настап на патеката ќе има дури идната година.

Директорот на Рено Спорт Ф1, Жан-Мишел Јалиниер,  истакна дека воведувањето на економични и технолошки напредни мотори ќе има голем поттик не само на натпреварувањето, туку и на производителите на патнички автомобили.

– Тоа ќе биде подобро средство за комуникација од сегашните В8 мотори, објасни Јалиниер, додавајќи дека со тоа може да вратиме голем број љубители на ова натпреварување назад во Формула 1.

Техничкиот директор за развој на Рено мотори, Роб Вајт, истакна дека новите мотори ќе обезбедат врвен спектакл и дека се многу порелевантни од сегашните В8 мотори во однос на врската со конвенционалните автомобили.

На прашањето дали новите мотори ќе ја направата Формула 1 потивка и досадна, Вајт нагласи дека Ф1 ќе остане многу бучна и многу интензивно натпреварување.

Во 2014 година Формула 1 ќе добие многу интересни и радикално изменети мотори, заменувајќи ги сегашните В8 мотори со 1,6 литарски В6 турбомотори во комбинација со систем за обнова на кинетичката енергија, што напојува два моќнии електромотори. Очигледно е дека хибридната технологија е се повеќе присутна, а Ф1 претставува логичен полигон за дополнителне развој на нејзините потенцијали.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин