Со натпреварот меѓу Рен и Тулуз што се игра вечерва стартуваат дуелите од 14. коло од француската Лига 1.
Двата тима посакуваат победа за да ја прекинат серијата без триумф. Рен нема победа две кола, а Тулуз четири кола. Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.
Во деновите од викендот се играат другите девет натпревари: Монако – Олимпик Марсеј, Бордо – Дижон, Каен – Генгамп, Мец – Лориен, Нант – Лил, Монпеље – Нанси (сабота), Анже – Сент Етиен, Ница – Бастија и Олимпик Лион – ПСЖ.
Табела: Ница 32 бода, Монако 29, ПСЖ 29, Олимпик Лион 22, Генгамп 22, Рен 21, Бордо 20, Тулуз 19,…