Ремзи по победата над СПАЛ: Јувентус чека важна недела, а ова е добар почеток

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи го сумираше натпреварот од 25. коло од Серија А со СПАЛ (2:1), во кој го постигна вториот гол.

– Секогаш е тешко да се игра на такви места, така што ова е многу добар резултат. Важно беше да се освојат три бода. Не чека важна недела и ова е добар начин да се започне. Позицијата на полу-шпиц е моја, сакав да ја играм, преселувајќи се во Јуве. Настапував неа во текот на мојата кариера. Тука имам можност да втрчам во шеснаесетникот и да постигнам голови, затоа се чувствувам најудобно на тоа, изјави Ремзи.

Тој го искажа своето очекување за натпреварот со Лион во Лигата на шампионите.

– Ќе биде многу важен за нас. Нема лесни средби во Лигата на шампионите. Имаме одличен тим, затоа мора да го постигнеме резултатот што нè интересира. Не е лесно, но можеме да го сториме тоа, нагласи Ремзи за „Скај спорт Италија“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска