Фудбалерите на Ремс се изборија за бод на гостувањето против Монако во првиот меч од 29.коло во првенството на Франција.
Иако домашниот тим двапати имаше предност со головите на Бразилецот, Вагнер Лав (5 и 37-минута), сепак гостите успаа да го израмнат резултатот, преку Гаетан Шарбоне (11) и Диего (79).
Денеска ќе се играат шест натпревари, и тоа: Лориен – Олимпик Марсеј, Ајачо – Кан, Гингамп – Сент Етјен, Монпеље – Ница, Тулуз – Бордо и Бастија – Лил.
Преостанатите три средби од оваа рунда се в недела, а во нив ќе играат: Tроа – Париз Сен Жермен, Нант – Анжи и Рен – Олимпик Лион.
Табела: ПСЖ 74 бодови, Монако 52, Олимпик Лион 45, Ница 44, Рен 44, Кан 43…