Реми во Глазгов против Чешка, Хрватите сега мораат да ја победат Шкотска

Од:

Хрватска ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата на ЕУРО2020, откако вечерва одигра 1:1 (0:1) против Чешка во Глазгов, во рамки на првиот натпревар од второто коло во групата Д.

Чешка дојде во водство преку Патрик Шик, откако двојниот стрелец во триумфот во воведното коло против Шкотска беше прецизен од белата точка во 37. минута.

Хрватска, за која ова беше првиот бод на првенството, го израмни резултатот по две минути игра во второто полувреме преку Иван Перишиќ и за пласман во осминафиналето ќе и биде неопходна победа во третото коло против Шкотска, која вечерва од 21 часот игра против Англија во Лондон.

Чешка води на табелата во групата Д со четири бодови, пред Англија 3, Хрватска 1 и Шкотска без бодови.

Би можело да ве интересира

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски

Во Италија загина 22-годишно момче, а десетици се повредени во шампионската прослава

Жарко Настоски

Англија се избори за своето прво финале на европските првенства

Жарко Настоски

Италија по четврти пат е во финалето на европските првенства

Жарко Настоски