Реал Мадрид подготвува милијарда евра за трансфер на Мбапе

Од:

Импресивниот настап на Килијан Мбапе на последното Светско првенство го поттикна Реал Мадрид да размисли за уште еден обид да го ангажира, тврди „Газета дело Спорт“. Шпанскиот клуб е подготвен да потроши неверојатна една милијарда евра за да го реализира овој трансфер.

Во оваа сума се вклучени очекуваните плати на Французинот за период од четири сезони – вкупно околу 630 милиони евра. За трансферот ќе треба да се одвојат најмалку 150 милиони евра, што изнесува вкупно близу 800 милиони евра. Сигурно ќе им требаат многу повеќе пари за провизии, па затоа на „Бернабеу“ грубо пресметале дека треба да одвојат една милијарда европски банкноти.

Мбапе веќе имаше договор за слободен трансфер во Реал пред почетокот на сезоната, но се откажа и потпиша нов договор со Пари Сен Жермен. Новиот договор е со важност до летото 2024 година, со опција за уште 12 месеци.

Европскиот клупски шампион се надева дека најдобриот стрелец на Светското првенство ќе размисли за заминување од Лига 1 следното лето, кога ќе има уште една година од договорот.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Пирес: Би сакал да го видам Мбапе во Ливерпул

(ВИДЕО) Мбапе се изнасмеа на прашањето на момче дали ќе се пресели во Арсенал

Горан Наумовски

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Мбапе добива бонус од 160 милиони евра доколку потпише договор со Реал

ПСЖ прифаќа понуда од 300 милиони евра, Мбапе одлучува дали оди во Саудиска Арабија

Предраг Петровиќ

Мбапе ја одби понудата од 40 милиони евра за заминување од Пари Сен Жермен