Реал ќе го продаде Варан на лето, доколку тој не се сложи да го продолжи договорот

Од:

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан може да го напушти тимот на крајот на сезоната. Иднината на 27-годишниот фудбалер зависи од тоа дали тој ќе го продолжи договорот со клубот од Мадрид.

Актуелниот договор на Французинот истекува во јуни 2022 година. Според „Марка“, доколку во блиска иднина Варан не покаже интерес за продолжување на договорот, Реал Мадрид ќе се обиде да го продаде на лето.

Приоритет за клубот е токму продолжувањето на договорот со Варан. Неговата пазарна вредност се проценува на околу 70 милиони евра.

За потсетување, Реал Мадрид сè уште не се согласи за нов договор со уште еден централен дефанзивец – капитенот Серхио Рамос, кој ќе стане слободен агент на лето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска