Развоен турнир на УЕФА: Македонија ја совлада селекцијата на Казахстан

Од:

Македонската репрезентација до 16 години со победа ги започна натпреварите од развојниот турнир на УЕФА кој се игра на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ во Скопје.

Нашата кадетска репрезентација по изведување пенали ја совлада селекцијата до 16 години на Казахстан.

Откако немаше погодоци во регуларниот дел, натпреварот го добивме со 5:3 по подобро изведување во пенал серијата. Македонија можеше да го реши мечот во регуларниот дел, но во два наврати избраниците на селекторот Добринко Илиевски, ја погодивме рамката од голот на Казахстан.

Во пенал серијата Македонија ги реализираше сите пет удари од белата точка, а младиот чувар на мрежата на црвено-жолтите Зибери одбрани удар на противникот во втората серија.

Македонската репрезентација до 16 години следниот натпревар го игра утре против селекцијата на Луксембур која во 1.коло загуби од Украина со 2:1.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана