Раул: Титулата е резултат на четиригодишна работа

Од:

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес по освојување на шампионската лига рече дека неговиот тим го следела среќа, но дека трофејот во Скопје доаѓа како резултат на напорна четиригодишна работа.

– Јунаците беа супер. Се однесуваа паметно цел натпревар. Немавме многу време за одмор, ама одигравме со срце и со памет. Горд сум затоа што моите играчи се најдобри во Европа. За разлика од минатите сезони сега и нас ни се насмеа среќата, ама ова е резултат и на четиригодишната работа, изјави тренерот Раул Гонзалес.

Гонзалес подготви одлична тактика и во полуфиналето со Барселона и вечерва во финалето со ПСЖ и не им дозволи на фаворизираните ривали да ја наметнат својата игра.

Вардар вечерва во финалето од ЛШ го победи ПСЖ со 24:23 и за првпат во историјата се искачи на европскиот ракометен трон.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски