Раул: Игравме до перфекција

Од:

Ракометарите на Вардар со сигурна игра во текот на сите 60 минути ја обезбедија седмата победа во групата и го совладаа германскиот првак Рајн Некар Ловен со 30:26.

На прес-конференцијата тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез изјави дека е задоволен од играта и победата на тим од најсилната лига во светот.

– Јас сум задоволен од играта и што победивме тим од германската лига, која е најсилна на светот. Добро се подготвивме за играта „7 на 6“. Имавме и добар старт и одигравме подобро и од дуелот со Барселона, рече тој.

Хрватскиот интернационалец во дресот на Вардар Игор Карачиќ постигна три голови.

– Ги следевме во текот на целата сезона. Ние се подготвивме за овој натпревар. Добро ја знаевме нивната игра. Ги исполнивме сите замисли на Раул од „а до ш“, изјави по средбата Карачиќ.

Во следното коло Вардар гостува кај Рајн Некар Ловен.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски